Skip to content

„100 Илјади поети за промена“ распишува поетски конкурс за 2019-та година

Во официјалната група на здружението стои следново соопштение:

Конкурси за поезија и плакат на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ 2019 година

Распишани конкурсите за поезија и плакат за 9то издание на 100 Илјади поети за промена

ПОЕТСКИ КОНКУРС на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на [email protected] најдоцна до 1 септември 2019 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како склоп од оваа манифестација.

Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе девета година по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот.

КОНКУРС ЗА ПОСТЕР за манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот… веќе се разбираме, така?

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истиот email погоре ([email protected]) или на Facebook профилот на оваа манифестација најдоцна до 1 септември 2019 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 28 септември 2019 година во Струмица.

* Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји, а нашата држава е дел од истата уште од самиот почеток и поддржана од Општина Струмица!

Автор на дизајн: Дарко Талески

Напишете коментар