Skip to content

Бел свет

Се раширил со крилцата на пролетното ветре

Се расцутел белиот свет и ја открил својата белина

И се разнежил на милните сончеви зраци,

За да ни каже дека сивилото на зимата

Мора да остане назад

Во падините на зајдисонцето.

Се појавил овој ветрец толку мил

Што ни го отворил погледот кон небото

И ни донел звучни ѕвезди

Кои го свират тонот на слободата.

Таа толку величествена, но сепак недостижна,

Станува дел од нас,

Која не ја заслужуваме

Од нас кои

Не ја чувствуваме како наша.

 

Слободо!

Зарем и ти стануваш жолта?

Или си можеби златеста?

Две толку слични, а сепак бои толку различни,

Кои зрачат со оптимизам,

Но немаат ниту капка крв,

Онаа која мора да ја прелееме

И слободата наша да биде црвена

Разгорена и знам

Тогаш ти ќе бидеш наша за навека!   

Напишете коментар