Skip to content

Моето „ П “

Го бакнував твојот поглед.

Го смрзнував твојот повик.

Водев битка со твоите премолчувања.

Се надевав дека никогаш нема да се поздравиме.

Се будев со твојот призрак.

Го оплакував секој твој повидок.

Мислев дека те пронајдов.

Но, сега те нема ни во помислите.

Остана да бидеш само еден тажен починок.

Само една недоискажана приказна.

Остана само да бидеш моето мало  „П“.

Напишете коментар