Skip to content

Осмели се да сонуваш

Многу работи во животот, во тој одреден миг кога се случуваат, не можат целосно да се опишат со зборви. Едноставно мораат само да се доживеат, почувствуваат. На пример кога луѓето зборуваат за нивните соништа и цели. Кога од дното на своето битие гледате колку ја сакаат победата, е се гордеам со вас луѓе. Толку сум среќна кога ги гледам луѓето како со сјај во нивните очи зборуваат за соништата. Душата ми се исполнува со среќа кога ќе видам човек како со солзи радосници во очите раскажува за она што навистина сака да го постигне во животот.

Кога човекот раскажува за неговата страст, за тоа како планира да ја достгине целта, за тоа кога зборува со некоја посебна насмевка на неговото лице. Да, ги сакам таквите луѓе, ги обожавам. Па тие се толку отворени со животот, тие играат со него, манипулираат, паѓаат, стануваат и сепак доаѓаат до целта. Толку се само луѓето прекрасни во тој миг. Кога ги мешаат зборовите затоа што не можат од насмевката да се докажат. Имаат толку многу да кажат, но среќата се лачи сè побргу во нивната крв. Срцето се радува побрзо од тоа што можат тие да го искажат. Образите им црвенеат, страста сè повеќе расте. Кога ќе го видите жарот за победа во нечии очи, желбата за уште поголем успех, кога ќе видам како некој е ,,гладен за борба”, тоа е нешто величенствено. Е тогаш знаете дека зборувате со победник во буквална смисла на зборот. И ти што го читаш ова, го имаш токму тој жар во зениците. Знам, го чувствувам тоа дека и ти си еден од победниците.

Тие сакаат уште и уште. Скокаат од еден во друг предизвик, бараат победа. Тие се докажуваат пред самите себеси. Ги читаат правилата, ги учат и потоа играат подобро од било кога користејќи ја семоќната надеж и желбата за победа испреплетена со многу молитви. Мигот на победата е она што се памети. Чувството што таа го предизвикува во вас. Тоа е непроценливо. И сега ќе ви кажам нешто што ќе ви го скрши срцето, но ќе ве принуди да се борите уште пожестоко. Можеби ќе загубите, но нема место за очај драги, нели? Зарем не учиме секојдневно дека никогаш не треба да се предаваме? Зарем досега веќе не научивме дека и кога е најтешко се станува и се пркоси на животот? Ха? Па ви велам дека животот е полн со прилики. Дигнете ги ролетните и погледнете ги новите предизвици. Направете план и тргнете кон тоа да се докажувате на самите себеси. Најважната битка од сите останати е онаа ,,you vs you”. Бидејќи тоа е најастрашниот и ужасно инаетливиот противник, кој очигледно никогаш не се предава, зарем не?

Едноставно го сакам тоа. Сакам кога во луѓето има страст и желба за нешто. Обожавам кога има живот во нив. Ги сакам луѓето што не се штедат и со целото срце навиваат, играат, се смеат, се натпреваруваат, губат и победуваат, живеат. Ги сакам луѓето со цветна градина во нивните гради и сонце во нивното срце. Тие во себе го носат целиот универзум. И токму тие луѓе сте вие. Да токму вие, победниците со зората во вашето битие.

Напишете коментар