Skip to content

Земно бунило

  • by

Се откинав од мојата бајка

Таа беше толку бледникава

Со горди самовили босоноги

Кои пијат вода бистра

Од кладенец безбоен

Во гора каде буки шумолат со глас безгласен,

Барав спас во Бога

И добро беше, ја изгубив безбожноста

Онаа од бајките

И ја најдов во небесната белина

Каде душата се раѓа одново после земното бунило.

Напишете коментар