Skip to content

Конкурс за манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2019“

  • by

ЕДУКА МАК распишува КОНКУРС за необјавена книга за деца или сликовница во рамките на проектот „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА 2019“ којшто ќе се реализира во месец декември 2019

Конкурсот за доделување на наградата „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА“ се објавува за необјавена книга за деца – сликовница на македонски јазик која ќе биде отпечатена и промовирана за време на манифестацијата.
Конкурсот е отворен до 10 ноември, 2019.
Ракописите во пдф -формат се праќаат електронски на мејл адресата: [email protected]
Авторот на избраната книга-сликовница ќе добие плакета која ќе му биде доделена на свечен начин.

 

Извор:

Напишете коментар