Skip to content

Ова се добитниците за Нобелова награда за литература

Нобеловиот комитет денеска ги соопшти имињата на двајцата добитници на наградата за литература за 2018 и 2019 година, откако лани високото признание не беше доделено поради скандал поврзан со сексуално малтретирање.

Полската писателка Олга Токарчук ја освои Нобеловата награда за литература, за 2018 година. Во изјавата од Нобеловиот комитет, кој годинава е составен од 4 члена од Шведската академија и 5 надворешни , за Токарчук се вели дека е лауреат поради наративната фантазија која со енциклопедиска страст го претставува преминувањето на границите како облик на животот. Нејзиниот роман- првенец „ Патување на луѓето од книга“, се појави 1993 година, но нејзиниот трет роман „ Древното и други времиња“ беше нејзин вистински пробој, се вели во изјавата на Комитетот.

Австриецот, Питер Хандке ја освои Нобеловата награда за литература , за 2019 година , за влијателното дело кое со јазична генијалност ја истражуваше периферијата и специфичноста на човековото постоење, се вели во изјавата од Нобеловиот комитет. Хандке напишал многу книги во различни жанрови , во текот на неговата 5 децениска кариера. Започна со романот „ Рогови “, дополнуваат од Нобеловиот комитет.

Двајцата добитници среќните вести ги чуја по телефон- Хандке дома, а Токарчук во Германија, каде е на читателска турнеја. Нобеловите награди за литература ќе им бидат врачени на свечена церемонија во декември.

Минатата година не беше доделена Нобеловата награда за литература зашто Жан Клод Арно, сопруг на шведската писателка и членка на Академијата, која одлучува за наградата, Катарине Фростенсон, беше обвинет од дваесетина жени за сексуални напади и злоставување. За тоа доби затворска казна од 2 години. А, беше осомничен и дека во седум случаи ги издавал имињата на добитниците на Нобеловата награда за литература.

Извор

Напишете коментар