Skip to content

Литературен конкурс за прозен расказ

Домот на културата „Илинден“, Демир Хисар и Народната библиотека „Петре М. Андреевски“ по повод „Месецот на книгата 2019 год.“ распишуваат литературен конкурс на слободна тема во областа на прозата (краток расказ,Times new roman, фонт 12, проред 1,5. Должината на расказите да е 1, 5 страници). Конкурсот трае од 15. 10 до 15. 11. 2019 година.

Творбите да се испраќаат по пошта во еден примерок, под шифра, (во истиот плик, на посебен лист име и презиме, адреса и тел. број) на следната адреса:Дом на културата „Илинден“ – Библиотека.
Ул. „Маршал Тито“ б. б.
Демир Хисар


Завршната Манифестација со доделување на наградите ќе биде на 30.11.2019 год. (сабота) во 12.00 ч. во просториите на Народната библиотека „Петре М. Андреевски“, при Домот на културата „Илинден“, во Демир Хисар.

(Авторството се докажува со вториот примерок од творбата)
Контакт телефони: 047/ 275 – 166 или моб. 078/ 334- 921

Извор

Напишете коментар