Skip to content

Ѕвездена прашина

Зарем не сме сите атоми кои се распрскуваат низ просторот?

Стари сме милијарди години,

Мала ѕвездена прашина, оддек на  голема експлозија

Или можеби на Хаос?

Зошто Земјата, Мракот, Ноќта

Настанале први,

 А не  љубовта?

Или на почетокот беше зборот?

Или можеби светлината?

Љубовта не можела да го различи тој мрак

Кој се растурал низ сите правци

Па останал хаосот

Да не изроди

Па не направил безлични

Да не личиме еден на друг

А да посакуваме да сме толку слични

Но, останала љубовта

Да се сличиме со некој кој го замислуваме сличен

И од хаосот сме избегале

За да побараме спас во светлината.

Тогаш разбираме дека преку зборот беше создадено небото,

А преку здивот негов ѕвездите,

Од прашина не направил

Во прашина се враќаме.

Затоа,  на љубов со љубов да возвраќаме.

Напишете коментар