Се сокрив

Побарај ме во шумот на есенските лисја
тој е погласен од моето присуство,
побарај ме во мирисот на утринското кафе,
тоа е поблаго од мојата горчина.

Побарај ме онаму каде што не сум
ќе видиш дека и таму сум присутна,
побарај ме кај што ме сокри
ќе видиш дека одамна таму ме нема.

Побарај ме во темните облаци
за да го растерам сето црнило,
побарај ме во дождовните капки
тие ќе ти раскажат приказна за солзите.

Побарај ме во текстот од твојата омилена песна
ќе најдеш барем еден збор што ќе те потсети
и барем едно чувство што никогаш го снемало,
што ќе го паметиш по мене.

Побарај ме во мигот на потполна тишина
оти создавам бука во твојата глава,
а јас молчам и мојата ја делам со сопствените мисли
оти единствено тишината ни остана заедничка.

Н.Н

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?