Skip to content

Звучна бариера

Го подигна невидливиот ѕид

И не можам да ги слушнам ѕвоната

Кои одѕвонуваат за да го заменат старозаветниот кимвал

И доаѓа празник на opapira magna

Кога лекот е пронајден за сите векови

И кога ги слушам ѕвоната на источната камбана

И не можам да ги слушнам оние на западната,

Толку е висок ѕидот

Доволно висок да направи звучна бариера

И се прашувам,

Дали ние сме станале безвоздушен простор?

Тука ги нема звучните бариери,

Конкорд никогаш на долетал.

Дури и времето застанало од просторот.

Воздухот станал

Безвоздушен, бездушен, безбрз.

Смогот навјасал

И ги слушам камбаните само дека морам.

Зошто доаѓа мојот празник.

А, камбаните, ќе донесат ли некогаш благовести?

Напишете коментар