Skip to content

Деца на ветерот

Се смееме на она што го немаме.

Се смееме на она што го посакуваме.

Ние сме децата на ветерот.

Ние сме деца на студените води од југот.

Децата на снегот.

Децата на заборавот.

На приказните.

На оние што ги раскажувавме во топлината на ноќта.

Ветерот нѐ чува.

Не носи низ падините на спомените.

Се бориме со заборавот.

Снегот го топиме со топлите насмевки од детските приказни.

Ја сонуваме ноќта.

Таа е нашата чуварка.

Нашата мајка.

Тогаш ги остваруваме нашите соништа.

Нашите нови приказни кои ги раскажуваме

За да нѐ има во спомените.

Спомените на другите непреспиени ноќи.

Напишете коментар