Skip to content

Напуштена грутка

Ти си била отсекогаш иста, непроменлива во соништата.

Ти си онаа старата,

само јас не можам да те видам со овие очила без диоптер.

Зарем почвата насекаде не е иста? – се прашувам;

А ти ми одговараш,

Не, мојата е излиена,

омекната од тешките чекори на непознатите лица,

Од грубите чекори на оние кои одат некаде

без да ме прашаат дали сакам да се вратат назад.

А јас,

jас како неуморна мајка ги чекам и копнеам по нивниот чекор

кој сакам да биде секогаш препознатлив и знам дека ние се познаваме,

само живееме во две далековидни созданија за познавањето.

Јас, само се трудам да ги убедам дека се познаваме ,

а тие , тие само сакаат да запознаат некој друг,

толку далечен што не можат ни да го дофатат.

Јас повторно се прашувам?

Зошто мора некој да бега од допирот на познатото?

Ти немаш одговор.

Никогаш си немала.

Зошто таков не постои.

Секој треба да знае дека не се напушта Мајката која прва го спознала.

Напишете коментар