Skip to content

60 цитати од Албер Ками во негова чест кој починал на денешен ден

Цитати од Албер Ками

1. „Вистинската дарежливост кон иднината лежи во тоа да се дари сета сегашност.“

2. „Што е тоа бунтовник? Човек кој вели не.“

3. „Секој чин на бунт изразува носталгија кон невиноста и копнеж кон суштината на животот.“

4. „Кога ќе погледнам кон мојот живот и неговите тајни бои, ми доаѓа да се расплачам.“

5. „Слободата не е ништо повеќе туку можност да станеш подобар.“

6. „Луѓето брзаат да судат со цел да избегнат на самите нив да им се суди.“

7. „Се фалев со својата лојалност, а мислам дека нема ниту една личност која сум ја сакал, а која на крајот не сум ја изневерил.“

8. „Знаете ли што е шармот? Тоа е начин да добиете „да“ како одговор без да поставите некое јасно прашање.“

9. „Должност на луѓето кои мислат е да не бидат на страната на погубувачите.“

10. „Кога еднаш ќе го видете сјајот на среќата на лицето на саканата личност, знаете дека човек не треба да чувствува никаква друга должност освен да го разбуди тој сјај на луѓето околу него. Во длабочината на зимата најпосле научив дека длабоко во мене има непобедлива пролет.“

11. „Не верувам во Бог и не сум атеист.“

12. „Драга,
Среде омразата открив дека длабоко во мене има непобедлива љубов.
Среде солзите открив дека длабоко во мене има непобедлива насмевка.
Среде хаосот открив дека длабоко во мене има непобедлив мир.
Низ сето тоа окткрив дека…
Среде зимата, длабоко во мее постои непобедливо лето, и тоа ме прави среќен, бидејќи тоа кажува дека колку силно светот да ме притиска, длабоко во мене секогаш има нешто посилно, нешто подобро, што ќе возврати.

Искрено твој,
Албер Ками““

13. „Немам поим што ме очекува и што ќе се случи кога ќе заврши сето ова. Во овој миг го знам само ова: има болни луѓе и тие треба да се лечат.“

14. „Се отворив себеси кон нежната рамнодушност на светот.“

15. „Не постои љубов кон животот без очај од животот.“

16. „Интелектуалец? Да. И никогаш не одрекувај го тоа. Интелектуалец е човек чиј ум се набљудува самиот себеси. Ми се допаѓа тоа, бидејќи сум среќен со двете половини, набљудуваниот и набљудувачот. „Дали можат да се стават заедно?“ тоа е практично прашање. Треба да го одговориме. „Ја презирам интелегенцијата“ всушност значи „не можам да ги поднесам своите сомнежи.““

17. „Животот може да биде величествен и поразителен – во тоа е целата трагедија. Без убавина, љубов и опасност би било речиси лесно да се живее.“

18. „Можеби не сум бил сигурен за тоа што ме интересирало, но со сигурност знаев што не ме интересирало.“

19. „Ми остана само малку време и не сакав да го потрошам на Бог.“

20. „За да го разбере светот, човек од време на време треба да се оттргне од него.“

21. „Секогаш оди предалеку, бидејќи таму ќе ја дознаеш вистината.“

22. „Несреќа е да не бидеш сакан, но уште поголема несреќа е – да не сакаш!”

23. „А зошто човек би требало да сака ретко, за да може да сака многу?”

24. „Познавам само една должност, а тоа е да сакам.”

25. „Апсурдно може да се сака и апсурдно да се работи. Апсурдни не се само потезите кои ги повлекуваме, понекогаш тоа се и чувствата, можеби токму оние највозвишените.”

26. „Во свет без илузии, човекот е странец.”

27. „Некои луѓе мораат да вложат многу труд за едноставно да бидат нормални.“

28. „Да се самоубијам или да испијам кафе?“

29. „Да не те сакаат е чиста мизерија; но вистинска срамота е да не сакаш.“

30. „Секојпат кога човекот е заробен во светот, и ние сме заробени со него. Слободата мора да биде за секого или за никого.“

31. „Постојат цели за кои вреди да се умре, но не и такви за кои вреди да се убие.“

32. „На крајот на краиштата, на човекот му треба поголема храброст за да живее одошто да се самоубие.“

33. „Човекот има две страни: тој не може да сака без да се сака себеси.“

34. „Не чекори зад мене; можеби нема да те водам. Не чекори пред мене; можеби нема да следам. Само чекори крај мене и биди ми пријател.“

35. „Потребно е да се заљубиш, поради сите очајувања кои секако ќе ги почувствуваш.”

36. „Чинот на љубов, во најмала рака е признание. Во него, без криење, пројавување на себичност, се искажуваат суетата или вистинската благородност.”

37. „Чумата на сите ни ја одзеде можноста за љубов, па и силата на пријателството, бидејќи љубовта бара нешто и од иднината, а нас ни останаа само моменти.”

38. „Единствен начин да се соочите со заробениот свет е да бидете толку непоимливо слободни, што дури и самиот ваш живот да стане чин на побуна.”

39. „Да сакаш некого, значи да се согласиш да старееш со него!”

40. „Човекот секогаш е слободен на нечија туѓа сметка.”

41. „Од апсурдот извлеков три заклучоци: својот револт, својата слобода и својата страст. Со игра, на свеста и го претворам во животно правило она што е повик за смрт, па така ја отфрлам и можноста за самоубиство.”

42. „Не смееме премногу да се грижиме за другите, доколку сакаме да бидеме среќни.“

43. „Есента е втора пролет, кога секој лист претставува цвет.“

44. „Не верувај им на твоите пријатели кога од тебе бараат да бидеш искрен со нив. Сѐ што сакаат е само да им го потврдиш доброто мислење кое го имаат за себе.“

45. „Големината на човекот се гледа во неговата одлука да биде посилен од својата судбина.“

46. „Општото добро се состои од среќата на поединците.“

47. „Човекот е единственото суштество коешто одбива да биде тоа што е.“

48. „Живеј до солзи.“

49. „Никогаш нема да бидете среќни ако продолжувате да барате од што се состои среќата.“

50. „Никогаш нема да живеете ако постојано ја барате смислата на животот.“

51. „Фикцијата е лага преку која ја кажуваме вистината.“

52. „Во срцето на убавината лежи нешто нечовечко.“

53. „Не очекувај го последниот суд. Тој доаѓа секој ден.“

54. „Некои луѓе зборуваат во сон. Предавачите зборуваат додека другите луѓе спијат.“

55. „Потрагата по вистинитото не е исто со барањето на посакуваното.“

56. „Бунтувањето не е никакво барање за семоќна слобода. Напротив, тоа води процес на противење кон семоќната слобода. Бунтовникот сака да се признае фактот дека слободата има граници таму каде што се наоѓа некое човечко битие, бидејќи границата е токму моќта на бунтувањето на тоа битие.”

57. „Постојат цели за кои вреди човек да умре, но ниту една за човек да убие.“

58. „Злото во светот секогаш доаѓа од незнаењето, а добрите намери може да бидат лоши доколку нив им недостасува разбирање.“

59. „Секој живот посветен на правење пари, е смрт.“

60. „Го познавам човекот способен да прави големи дела. Но, ако тој не е способен за големи емоции, тогаш ништо од неговите големи дела.“

Напишете коментар