Skip to content

Грст радост

  • by

Колку е доволно за грст радост

Да срцето се исполни со благост

При душа немирна, пакосна

Како драма на Гогол, отворена

Дур ветар си игра со телото

Тргнат сам со себе кон езерото

Придружен од звукот на моторот

Возам, без грижа на коловозот

Јас, книгата, виното и шаторот

Брановите, песокта и штркот

Хоризонт беше се здал зад галебите

Заедно со опиумот од буквите

Стол, чаша Мускат, зајдисонце гледам

,, Годините кога научив да летам’’

Слобода, мир, задоволство и тишина

До последната страна прочитана.

Па велам!

Колку е доволно за грст радост

Да срцето се исполни со благост

При душа немирна, пакосна

Дал ,,благо’’ ил едноставно…

Книга пред езерото, само

Напишете коментар