Skip to content

Игра – Менче Кадинец

  • by

Како да ти кажам кога умирам,

сите места  што во мене постојат,

бараат еден твој дел.

Ти, оаза на пеколот мој

Ти, постоиш, Каде?

Моите мисли ги бараат твоите тајни

и се враќаат скриени, празни.

Надеж ми го покренува животот во телото

Ти пловиш….Ти во крвта ми пловиш 

и ме палиш…

Ти…..изгрев. Блескав   на новите утра,

за тебе живеев!

Коси ми брануваш…од никаде ветрец.

Палавко еден….тебе ти се игра.

Од некаде смеа,

скокотливко в срце ми се слеа,

Ѓаволе, јави се

зар не гледаш умирам,

додека ти играш со мене.

Автор: Менче Кадинец

Напишете коментар