Skip to content

Гордеј се со себеси

Искористи го овој ден за да се гордееш со себеси. Искористи го секој нареден ден за да бидеш горд на она што си. Не тоа не е себичност, ти тоа го заслужуваш. Си поминал премногу во твојот живот, драг читателу. Многу болни спомени и голема тага си оставил таму некаде позади себе, во некои краишта кои само болка ти носат ако ги поминеш нивните граници.  

Токму ти си тој што ги преживеал работите кои мислел нека никогаш не би можел да се соочи со истите. И јас се гордеам со тебе. Не те познавам, но и јас сум само човек како тебе и сум се соочила со некои од битките со кој еден човек може да се најде очи во очи на пустото боиште на животот. Види ги тие солзи кои ги пролеа во минатото, но сепак не дозволи да те поразат. Види ги тие загуби после кои сепак си се соземал. Види ја силата која тлее во тебе.

Колку пати само си бил во центарот на катастрофата, колку пати си излегол од таму со посекотини на твоето битие, но си се опоравил и сега си посилен од било кога, зарем не? Колку пати си одлучил да се бориш бидејќи едноставно животот не ти оставил друг полесен избор? Колку пати со тешко срце си пуштил некој да си замине? Тоа срце е голем океан на тајни, зарем не? И на крај на сето ова има само една вистина. А тоа е дека ТИ си борец. И најважно, ТИ СИ ПОБЕДНИК. Победник кој многу пати изгубил, но никогаш не се предал.

 Гордеј се со себеси бидејќи во срцето сè уште имаш спомени кои те болат, имаш рани кои никогаш нема целосно да престанат да крварат, биди горд бидејќи ти чувствувап. Види, стави ги прстите на твојата рака и ќе го почувствуваш пулсот. Стави ја дланката на срцето и ќе видиш како чука во ритамот на љубовта. Секој нареден здив треба да те поттикнува да бидеш уште подобра верзија од себеси. Немој да го искористиш ова време на земјата само за преживување. Мораш и вистински да живееш. Треба да живееме за моментите кои го одземаат здивот.  

Не секогаш можеш да бидеш силен, но секогаш имаш можност да бидеш храбар.

Викторија Саздовска

Напишете коментар