Skip to content

Морето – Јасмина Михајлоска

  • by

Кога морето се бранува, времето застанува,

мисли натрупани, чувства измешани,

солзи во очи, но душата молчи,

разумот забранува, срцето посакува.

Кога ѕвезди над морето сјаат, а ноќите бескрајно трааат,

соништа се сонуваат, желби се посакуваат,

надеж се појавува за денот што следува,

можеби ќе се смени нешто, можно е се и сешто.

Кога морето е мирно, кога небото е сино,

ново утро доаѓа, но сепак чувството не проаѓа,

дали е вистина или лага, дали е радост или тага,

само сонцето малку смирува и така зората поминува.

Со морето сме исти од секогаш,

брановите долго траат некогаш.

Но знаеме дека да имаш мир не е работа лесна,

не е ништо како што изгледа во секоја песна.

За среќа сам мора да се снајдеш,

а морето е тука за утеха да пронајдеш.

Автор: Јасмина Михајлоска

Напишете коментар