Skip to content

Секој љубител на книги би посакал да ги посети овие несекојдневни библиотеки

  • by

Велам, дека дружбата со книгите нѐ носи во еден поинаков свет. Полн мистерии, лудории и необични стории. Но дали некогаш сте посакале да почувствувате нешто друго, нешто што би ви ја раздрмало желбата за да се продлабочите уште повеќе во тој ,,чуден” свет? Токму таму некаде блиску, но сепак далеку од нашето удобно катче постојат лица кои читањето книги го прават уште поинтересно, ил пак поблиско до оние на кои им било неразбирливо. Притоа во понатамошниот текст ви претставувам пет ,,чудни” библиотеки ширум светот.

1. БИБЛИОТЕКА НА ГРОБИШТА

Еврејски гробишта во австрискиот град Кремс ан дер Донау осквернавени од нацистите, со сите пишани записи и изгубени споменици. Денес, покрај меморијалот долг 42 метри, во кој се прикажани имињата на 127 локални Евреи, кои беа убиени или раселени за време на холокаустот, гробиштата содржат серија полици за книги – проект на уметниците Мајкл Клег и Мартин Гутман. Отворената библиотека се состои од три полици за книги во големина и форма на надгробни плочи, со стаклени врати кои штитат книги на англиски, германски и хебрејски за еврејската филозофија и историјата на смртта.

2. БИБЛИОТЕКА ПОМЕЃУ ДВЕ МЕЃУНАРОДНИ ГРАНИЦИ

Бесплатната библиотека Хаскел, која е отворена во 1905 година која вклучува и оперска куќа, лежи на границата на Соединетите држави и Канада. Влезот од Дерби Лин, Вермонт, е на авенијата Касвел; влезот од Стенстед, Квебек, е на улицата „Црквата“. Црна линија со демаркирање на границата меѓу двете држави сече дијагонално низ подот на читалната, во која има мешавина од француски и англиски книги. Бидејќи не мора да поминувате преку гранична патрола за да влезете во библиотеката (сè додека излезете на ист начин како што сте влегле), граничната патрола фатила некои криминалци кои се обидувале да ја користат библиотеката за невообичаени цели.

3. „ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО ПОУЧУВАЊЕ“

Аргентинскиот уметник Раул Лемесоф го претворил армиското возило „Фордон сокол“ од 1979 година во „Оружје за масовно поучување“ преведено од аргентински (Arma de Instrucción Masiva). Тој го вози автомобилот низ целата земја, до училиштата, сиромашните и руралните области, доставувајќи бесплатни донирани книги на секој кој сака да прочита нешто. Аргентинскиот автомобил може да носи до 2.500 книги, а Лемесоф исто така има изградено ,,книжни автомобили” во САД и Холандија. Изборот на соколот е значаен: За време на воената диктатура на Аргентина во 1970-те и 80-те години, смртните единици најчесто користеле ,,соколи” за киднапирање граѓани.

4. THE BIBLIOBURROS (МАГАРЕШКА БИБЛИОТЕКА)

Наставник од основното училиште Луис Сориано од северна Колумбија е познат по своите две магариња, Алфа и Бето, со кои низ селата за време на викендите пешачи и нуди книги. Неговите ,,магарешки библиотеки” им донесоа книги и надеж на сиромашните деца во области кои се зафатени од наркотици скоро 20 години. Сориано сега изгради фондација за изградба на постојана библиотека во неговиот роден град Ла Глорија, каде има повеќе од 5.000 книги што ги собрал со текот на годините.

5. ЧИТАЊЕ ВО КУТИЈА

Администрацијата на јавната библиотека во Ница, Франција, се крие во една огромна надреалистичка скулптура во облик на коцка. Уметникот Сача Сосно, кој работел во Ница до својата смрт во 2013 година, ја дизајнирал со цел да биде најголемата библиотека- скулптура во светот. Впечатливата скулптура е висока 28 метри, и содржи седум ката.

Погледнете ги и следниве уникатни библиотеки ширум светот

Напишете коментар