Skip to content

10 природни лекови кои помагаат во борбата со депресивните мисли

Депресијата е ментална состојба која најчесто предизвикува стрес, потиснати емоции. Таа е последица од модерниот и забрзан начин на живот кој честопати не е компатибилен со нашата генетска еволуција. Таа не смее да биде потценета, игнорирана, занемарена. Исто така ниту пак да се припишува одма при појавата не некои негативни чувства и мисли.

Постојат одредени принципи според кои медицинско лице треба да ја дијагностицира нејзината појава во зависност од симптомите, нејзиното траење итн. Секој човек нема способност да го надмине лесно денешното темпо на стресно живеење. Лошата исхрана, социјалната изложеност, недостатокот на сон, премногу обврски и помалата изложеност на сончеви зраци се само дел од причинителите на депресивното расположение.

Во продолжение предлагаме 10 природни и универзални начини за подобрување на депресивното расположение:

Занимавајте се со физичка активност, вежбајте, пешачете

На овој начин поттикнувате лачење ендорфин – хормон на среќа.

Користете свежа и необработена храна, овошје и зеленчук

Консумирајте намирници што се богати со омега 3 масни киселини.

Изложете се на сончева светлост и свеж воздух

Поминувајте повеќе време во природа и на сонце. На тој начин му обезбедувате на организмот доволна доза витамин Д.

Спијте доволно

Сонот значително влијае на расположението. Луѓето кои малку спијат имаат поголем ризик од депресија.

Опуштете се со медитација, јога

Овие техники помагаат да препознаете што носите во себе, што предизвикува тага, незадоволство, безволност и депресија. Исто така ослободуваат од стрес и создаваат пријатни чувства.

Танцувајте

Танцувањето е исто така добра метода за ослободување на стрес (и во слободна форма, не мора да биде професионален танц), па затоа, пуштете ја музиката погласно и движете го телото според нејзиниот ритам.

Пејте

Пуштете го гласот за своја душа, пејте секогаш кога имате можност дури и ако немате талент и звучите како расипана плоча. Научно е докажано дека пеењето ослободува од стрес и го подобрува расположението поради влијанието што го има врз мозокот и дишните патишта.

Дружете се со драги луѓе

Поминувајте повеќе време со пријателите, но во живо, а не преку друштвените мрежи.

Чувајте милениче

Животните се сјајни терапевти кои во нас предизвикуваат позитивни чувства. Размислете дали ви е потребен домашен љубимец.

Користете кантарион

Кантарионот е алтернативен лек за депресивно расположение. Една шолја на ден од овој чај може да биде доволна.

Стилот на живеење не може да се смени преку ноќ, но доколку депресивната состојба се повторува обидете се ден за ден да ги менувате вашите навики.
На пример, еден ден одлучете да одите на прошетка, следниот ден да медитирате, а третиот да јадете само свежа храна, четвртиот да се видите со пријателите…Чекор по чекор, полека ќе ги усвоите здравите навики кои ќе придонесат за поздрав начин на живот кој го смалува ризикот од депресија и ќе ве поттикнат да живеете посреќно и поздраво.

Прочитајте и дознајте кои се десетте видови страв што ве кочат и не дозволуваат да напредувате.

Напишете коментар