Skip to content

Мудри животни цитати кои ќе ве наполнат со позитивна енергија

На сите ни е потребно да слушнеме, прочитаме и помислиме на позитвни мисли што ќе ни помогнат во „растерување“ на темниот облак во денови кога и баш не сме доволно мотивирани.

1. „Поентата на животот не е да чекаме да се смири бурата туку како да научиме да танцуваме на дождот“, ова е само еден од цитатите што нè полнат со позитивизам и помагаат да гледаме на светлата страна на работите.
Смислата и поентата се разликуваат од човек до човек, но генерално гледано секој сака лесно да ги преброди тешкотиите и да се носи со нив на најдобар можен начин.  

2. „Невозможно е!“, вели гордоста. „Ризично е“, вели искуството. „Нема смисла“, вели разумот. „Ќе се обидеме“, шепоти срцето. – Непознат автор

3. „Луѓето што се доволно луди и мислат дека можат да го променат светот се всушност оние што го менуваат“. – Епл

4. „Никогаш нема да станеш онаа особа којашто сакаш да станеш ако ги обвинуваш другите за тоа што си“. – Непознат автор

5. „Разликата помеѓу она што сме и она што сакаме да бидеме е она што секојдневно го правиме“. – Дејл Карнеги

6. „Ако навистина сакате нешто да направите ќе најдете начин, ако не сакате ништо да правите ќе најдете изговор“. – Непознат автор

7. „Уживајте во малите работи бидејќи еден ден кога ќе погледнете наназад и ќе сфатите дека тие мали работи всушност биле оние големите“. – Роберт Браулт

8. „Луѓето велат дека мотивацијата не трае. Па не трае ни бањањето – затоа двете ги препорачуваме на дневна основа“. – Зиг Зиглар

9. „Не се грижете за вашата репутација, туку за вашиот карактер. Вашиот карактер е она што сте одвнатре, а репутацијата е само одраз на она што другите го мислат за вас“. – Дејл Карнеги

10. „Во животот ако не ризикуваш сè, ризикуваш да не живееш како што сакаш“. – Непознат автор

Прочитајте ги и цитатите од Харуки Мураками.

Напишете коментар