Skip to content

Ох, вино

Ох вино, ти што со мекост кротиш душа

Дури крвта црвена со радост блика

Толку се радувам кога во очи видам радост да сјае

И со немирни бои сморен човек животот свој го слика.

Ох вино, ти поетите со нови музи ги дариш

Дионис чијшто е водач

Секогаш нов живот ти раѓаш

Што води кон нов неочекуван боговски оган.

Разумот го земаш, за тебе да те слават

Опој шириш несмасно со диви грозда

Набрани од млади нимфи

Покрај пештери мрачни, покрај извори крај темна бездна.

На веселба ги тераш младите моми

И оро вртат младост што руди

За миг стануваш дел од соништа луди

Зошто си пролет што нов живот буди.

Ох вино! Биди дел од сечиј живот

Зошто ти си вистината, а не гревот!

Напишете коментар