Skip to content

Тајна – Ацо Караманов

Ја споделуваме песната „Тајна“ од македонскиот поет Ацо Караманов. Се надеваме дека ќе ви се допадне.

Тајна

Пак ли сакаш да ти го кажам тоа
што ти го го кажав вчера во сината ноќ
дека си за мене и смев и солза
дека си за мене и слабост и моќ.

Ах, остави ја веќе таа исповед
нека спие мирно во твоето срце
и мојата душа нека биде твоја
а мое да биде твоето лице.

Ацо Караманов е македонски поет чијшто живот рано згаснува и тој на само негови седумнаесет години, еден месец по стапувањето во партизани трагично го губи својот живот во борбата со германските воени сили. Негивиот поетски талент останува да сведочи за неговите визии за еден поубав свет каде царува слободата и љубовта.

Во негова чест, во Радовиш секоја година се одржува традиционалната поетска манифестација на младите поети од Република Македонија „Караманови средби“.

Напишете коментар