Skip to content

Конкурс за учество на меѓународниот натпревар за поезија – „Мили дуели“ за 2020

Организаторот на настанот веќе соопшти дека веќе е започнато испраќањето на песните за осмиот по ред интернационален натпревар за поезија – Мили Дуели за оваа година! Минатата година интересот беше огромен и учестувуваа рекорден број на учесници, а годинава во првиот час од соопштението и „отворањето“ на повикот веќе пристигнале повеќе и од 50 творби, како што изјави креаторот на конкурсот – Нермин Делиќ на неговата официјална фејсбук страна.

ЈАВЕН ПОВИК

Се повикуваат сите афирмирани и неафирмирани автори на поезија да се пријава за учество во осмата сезона на Мили дуели – онлајн балкански натпревар за поезија. Учеството опфаќа дружење на балканските поети и поетеси и од светот преку друштвената мрежа Фејсбук во текот на месеците Јули, Август и Септември, 2020г. Дружењето е од натпреварувачки карактер и веќе со години ги собира на едно место стотиците автори на поезија кои сакаат нивната поезија да биде прочитана и да поттикнат меѓународна книжевна соработка.

Услови за пријава

На овој конкурс можат да се приајват автори од кој било дел од светот без никакви ограничувања. Услов за пријава е да сте автори на поезијата што ја испраќате на конкурсот.

Напомена: Поранешните учесници на Мили Дуели можат да се пријават повторно. Исклучок се победниците од претходните седум сезони кои повеќе не можат да учествуваат на натпреварот.

Краен рок за пријава е 31.5.2020г.

За останатите информации и за испраќање на творбите повеќе на следните линкови:

Конкурс за учество со поезија – Мили дуели

Линк за пријавување

Сите останати детали за натпреварот овде

Напишете коментар