Skip to content

Цитати по повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Јазикот е богатство, оружје и еден културен белег на секоја заедница. Во светот постојат околу шест илјади јазици (воодушевувачки нели), а на половина од нив им се заканува исчезнување во многу делови од светот. Мајчиниот јазик кој го знаеме и говориме уште од мали нозе е идентитетски поврзан со нас и нашето постоење. Тоа е јазикот на кој ни зборуваат родителите, тоа е оној на кој ги учиме првите зборови и лесно го разбираме. Мојот мајчин јазик е македонскиот, а како таков тој постои долго време. Долга е историјата на неговото создавање – од некогашна глаголица, па до денешна кирилица.

Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во него има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек. Затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеено и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Треба да го негуваме и чуваме ова културно наследство!

По повод денешниот ден споделуваме неколку цитати во чест на јазикот.

1. „Јазикот е нашата татковина“. – Блаже Конески

2. „Дај му повеќе одмор на јазикот отколку на рацете“. – Л. Толстој

3. „Ако со човек зборуваш на јазик кој тој го разбира, тоа заминува во неговата глава. Ако со човек зборуваш на неговиот јазик, тоа заминува во неговото срце“. – Н. Мандела

4. „Но, ако мислата може да го расипе јазикот, и јазикот може да ја расипе мислата“. – Џорџ Орвел

5. „Политичкиот јазик е осмислен така да прави лагите да звучат вистинито и убиството достојно за почит, и да му се даде цврстина на ветрот во магла“. – Џорџ Орвел

6. „Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“. – Петре М. Андреевски

7. „Вистинско богатство е јазикот што глувите можат да го чујат, а слепите да го видат“. – Марк Твен

8. „Запомнете: од сите рани, неизлечливи се само оние што ги задаваат јазикот, погледот, потсмевањето и презирот.“ – Оноре Де Балзак

9. „Зборовите се, секако, најмоќниот лек којшто човештвото го користел.“ – Р. Киплинг

10. „Природата ни дала по две очи и по две уши, а само еден јазик за да можеме повеќе да гледаме и слушаме, а помалку да говориме бидејќи никогаш не можа да се кажат толку мудрости колку што можат да се премолчат глупости.“ – Конфучиј

11. „На човекот отприлика му се потребни 2 години за да научи да збороува и отприлика 50 години за да научи да молчи.“ – Е. Хемингвеј

12. „Човекот вреди колку што јазици зборува.“ – Карл Маркс

13. „Сите очи зборуваат на ист јазик.“ – Џ. Херберт

14.„Човекот има две уши и еден јазик за да може два пати повеќе да слуша отколку што зборува.“ – Епиктет

15. „Кога ќе се роди човекот, се раѓа со секира во уста. Човекот чиј говор не е одмерен сам себе се сече со таа секира.“ – Г. Буда

16. „Природата ни дала две уши, но само еден јазик: за повеќе да слушаме, а помалку да зборуваме.“ – Б.Дизраели

17. „Подобро е кога почесто се употребуваат ушите отколку јазикот.“ – Сенека

18. „Полесно е да се разбере еден народ слушајќи ја неговата музика наместо учејќи го неговиот јазик.“ – Г.С.

19. „Јазикот е без нозе, но лута на илјади милји“. – Кинеска поговорка

20. „Од јазикот течат и мед и отров.“ – Киргиска поговорка

21. „Мекиот јазик останува, тврдите заби паѓаат.“ – Кинеска поговорка

22. „Од еден удар со меч човек може да се излекува, но не и од единствен удар со јазикот.“ – Кинеска поговорка

23. „Побрз е еден јазик отколку две нозе.“ – Кинеска поговорка

24. „Она што излегува од јазикот треба да биде почисто од забите.“ – Етиопска поговорка

25. „Тој што има брз јазик има бавен ум.“ – Етиопска поговорка

26. „Различниот јазик е различна визија на животот“. –  Федерико Фелини

27. „Најголем непријател на разбирливиот јазик е неискреноста“. – Џ. Орвел

28. „Јазикот е облека од мисли“. – С Џонсон

29. „Јазикот не е само зборови. Тој е култура, традиција, унифицираност на општеството, цела историја која го прикажува општеството какво што е. Сето тоа е отелотворено преку јазикот“. – Н. Чомски

30. „Границите на мојот јазик се поистоветуваат со границите на светот“. – Л. Видгенштајн

31. „На секој кој може да замисли само еден начин на употреба на зборот очигледно му недостасува имагинација“. – Марк Твен

32. „Никогаш претходно не знаев за што служи бесконечноста. Таа ни дава шанса на некои од нас да научат германски“. – Марк Твен

33. „Јазикот е извор на недоразбирања“. – Антоан де Сент Егзипери

34. „Кога не можам да ги видам зборовите како се виткаат како прстени од чад околу мене, јас сум во темница – јас сум ништо“. – Вирџинија Вулф

35. „Јазиците се различни со причина. Не можеш да преместуваш идеи во нив без да изгубиш нешто“. – Г. Вилсон

Прочитајте ги и следниве мисли за успехот и упорнста кои потсетуваат зошто не смеете да се откажете.

Напишете коментар