Skip to content

Сонет 83 – Вилијам Шекспир

Вилијам Шекспир, еден од најголемите светски драматурзи кои некогаш живееле, покрај по своите драми познат е исто така по своите сонети. Напишал 154 сонети, а ние со вас го споделуваме сонетот 83 кој го посветил на друг поет кој бил негов ривал каде ја опејува убавината на неговата сакана.

Во овој специфичен поетски израз, можеме да видиме како мајсторски се служел со јазикот. Структурата на неговите сонети е составена од 3 катрени со рима (ABAB / CDCD / EFEF) и еден римуван двостих на крајот (GG).

Се надеваме дека ќе уживате и ќе ве поттикнеме да ги прочитате другите негови сонети!

Сонет 83


Велам дека никогаш не ти треба цртање веѓи
ниту дека на твојата убавина ѝ е нужна поза.
Мислам дека си ги надминала тие лити меѓи
каде поетската јаловост нуди козметичка доза.
Не би поднел да бидам репортажен слаткар
кога ти самата ни обезбедуваш доказ во живо
за колку ногата на модерното перо е кратка
да следи вредност со постојано растечко ниво.
Молкот мој, за тебе е грев и ти си нажалена,
глупост стана она кое треба да е моја слава.
Со молчењето убавината ич не ти е смалена
а другите ѓоа живот ти дале а гроб ти прават.

Повеќе живот има во едно од твоите убави очи
отколку што би смислиле двајца поети од почит.

Напишете коментар