Skip to content

Солена Чоколада – Јасмина Михајлоска

  • by

Ќе ми донесеш слатко нешто,
секогаш знаеше да ме убеди вешто.

Да се засладам малце морам
инаку после нема да ти зборам.

Се шегуваше дека има солена душа,
па затоа јаде благо, макар и круша.

Бомбони чоколада и колачи
тоа за неа најубав подарок значи.

Си викате скромна девојка, слатка и мила
но чекајте да ви кажам каква всушност била. 

Мене најслатка таа ми беше,
премногу доцна видов дека грешев

Што и да посака се ќе и дадев,
а за возврат само насмевки и крадев

Заслепен долго време бев од неа,
сите знаци зарем доволно не ми беа

Да сфатам дека лага и бил збор секој,
па побогу луѓе, зошто не ми кажа некој?

Се спасив на време така велат сега сите,
а само јас знам како ми минат дните.

Засекогаш ќе ми остане љубов непреболена,
ах таа девојка, таа чоколада солена.

Автор: Јасмина Михајлоска

Напишете коментар