Skip to content

Розови соништа

Заспиваш над моите раце
Нежно го поткревам твојот поглед
За да видам дали ги склопи очите.
Ја добиваш розовата боја на
Мојата дланка
И заспиваш во розови соништа.
Тие ја будат квечерината на сонцето кое заоѓа
И ти толку нежно спиеш
Што не потонуваш во ноќта
А јас,
Јас сум будна во дневнината на мракот
И чекам да зазори
За да ги видам твоите очи.
Тие се првиот зрак на денот
Првиот факел,
Првото искушение
И првата капка роса
На мојот овенат допир.

Напишете коментар