Skip to content

Ако помина денот – Рабиндрант Тагоре

Уживајте во читањето на следниве стихови од Рабиндрант Тагоре што ги избрав за денес.

Ако помина денот, ако птиците престанаа да пеат,
ако ветрот уморен стивна,
обвиј ме тогаш со густата коприна на темнината,
како што земјата ја покриваш со чаршафот на сонот
и како што нежно ги склопуваш латиците на лотосот во самрак.

Кога торбата со храна ќе се испразни пред да заврши патот,
кога облеката ќе се искине и покрие со прав,
кога силата ќе малакса,
тогаш симни ги од патникот бедата и срамот
и освежи го животот негов како животот на цветот
под плаштот на твојата блага ноќ.

Напишете коментар