Skip to content

Требаше да се сликаме – Менче Кадинец

  • by

Требаше да се сликаме,
пред да се замразиме.
Требаше да се сликаме,
пред езерото мечти да буди,
талкам по улици жешки,
се будат чувства тешки.
Те чекам..Те нема.

Требаше да се сликаме,
пред дождот да падне,
капка по капка вода,
капка по капка болка,
капка по капка солза.
Ветрот виори,
Те чекам …Те нема.
Се топиш без лик,
како мраз.
Чекорам…чекорам.
Те чекам…Те нема.

Требаше да се сликаме,
пред ноќта да падне,
надежи грозни,
морници се полнат,
фино и ладно,мрзеливо,
велиш-Ќе дојдам,
во мракот се криеш
Знам,знам.
Те чекам….Те нема,
и душата сега не ми гори,
сакам крај,
за душата моја рај.

Не си човек што сака,
Љубовта за тебе е мака
но сепак во некоја точка твоја,
ќе најдеше место за сликата моја.
Гледаш,
требаше да се сликаме
пред да се замразиме.

Менче Кадинец

Напишете коментар