Skip to content

Занес – Михаил Ренџов

Споделуваме сонет од големиот поет Михаил Ренџов, мајстор на кратката поетска форма, каде сѐ се претвора во стих, дури и самиот поет.

Сѐ што погледам затреперува
Сѐ што именувам се претвора во стих
Со мојот здив, милозлив, незгаслив,
Сѐ што именувам се претвора во стих.
И самиот сум стих: Огнолик, немирник,
Упатен кон небото, како лебедот
Во висините, во тишините ангелски,
Блиски, а далечни, далечни, а блиски.
Како во облаците молњите, коњите
Небесни, разџилитени, заскитани секавици
Разлетани жар – птици, пламеници.
Стиховите венци, божји галеници,
Гласници лични, божји миленици,
Стиховите, жар птици, звуци небесници.

Напишете коментар