Skip to content

Да дојде пролетта

Се топи асфалтот под твоите нозе

А ти сакаш да стапнеш на земјата

Да ја воспееш гората

Да ги разводениш прстите

Да ги раззелениш глуждовите

Да ја почувствуваш милината на тревите

Да ја прескокнеш ниската грмушка

Да го видиш саканиот низ прстенот на дрвјата

Да се нишкаш на лулашките на расцутаните гранки

Да ја разбудиш природата!

Да дојде пролетта!

Напишете коментар