Skip to content

Поучна приказна: Тројцата старци

Една жена излегла од дома и пошла во дворот кога здогледала тројца старци со долги бели бради. Не ги повикала, но им рекла: „Не ве познавам, но мора да сте гладни. Влезете внатре за да јадете“. „Дали вашиот сопруг е дома?“ – ја прашале. „Не, не е“, одговорила. „Тогаш не можеме да влеземе“, ѝ одговориле.

Вечерта кога сопругот се вратил дома жената му кажала што се случило.

„Појди и кажи им дека сум дома и викни ги кај нас! – рекол сопругот.

Жената излегла и ги повикала старците.

„Не можеме заедно да влеземе во куќата“, тие одговориле.

„Зошто?“ – се изненадила

Еден од старците објаснил:

„Тој се вика Богатство“, рекол покажувајќи на еден од своите пријатели.

„А неговото име е Среќа“, покажал на другиот пријател, „А моето име е Љубов“.

Потоа додал:

„Сега оди дома и разговарај со сопругот за тоа кој сакаш да го видиш во својата куќа“.

Жената се вратила дома и му кажала на сопругот што слушнала. Тој бил многу задоволен.

– Баш супер!!! – рекол. – Ако навистина мораме да одлучиме да го повикаме Богатство. Нека влезе и нека ја исполни нашата куќа со богатство.

„Драги, зошто да не ја повикаме Среќата?“ – се спротивставила сопругата.

Нивната посвоена ќерка слушнала од другиот крај на куќата. Скокнала до кај нив со нејзиниот предлог.

„Зошто да не ја повикаме Љубовта?“ Впрочем тогаш љубовта ќе владее во нашиот дом!

„Да ја послушаме нашата ќерка“, ѝ рекол сопругот на својата жена. – Оди и повикај ја Љубовта да ни биде гостин.

Жената излегла и ги прашала тројцата старци:

– Кој од вас е Љубов? Влезете во нашиот дом и бидете ни гостин.

Старецот по име Љубов насмеан тргнал кон куќата. Останатите двајца старци го прателе.

Жената изненадена ги прашала Богатството и Среќата:

– Ја повикав само Љубовта, зошто доаѓате и вие?

Старците одговориле:

– Да ги повикавте Богатството или Среќата останатите двајца би останале на улица, но кога љубовта е повикана, ние секогаш ја следиме.

Таму каде што постои љубов, таму секогаш се богатството и среќата!

Прочитајте ја и следнава приказна – „Ќе видиме“

Напишете коментар