Skip to content

Слушнете ја третата епизода од „Кулитерација“ во која ни гостуваше Филип Димкоски

Снимката од третото „поглавје“ како што милуваме да ги нарекувме епизодите од нашата емисија Кулитерација веќе е прикачена на Mixcloud и истата можете да ја слушнете со кликнување на линкот подолу. Во третата епизода која е еден вид продолжение на втората со наслов„Поезијата е насекаде околу нас – поезијата сме НИЕ“, накратко зборувавме за значењето на поезијата, а во вториот дел гостин ни беше младиот и талентиран поет и автор, Филип Димкоски со кој имавме можност да поразговараме околу неговото творештво, да го чуееме неговиот став за поезијата, пишувањето. Ни раскажа за работилниците што ги одржува во училиштата, за наградите што ги има освоено, за неговите творечки активности како и за идните планови поврзани со пишувањето.
Да не должиме повеќе, кликнете на линкот и слушнете ја целата емисија.

Ивестување: денес премиерно ќе можете да ја слушате најновата епизода или „четвртото поглавје“ од Кулитерација на радио МОФ во 18 и 30 часот.
Приклучете се и слушајте нѐ, денешна гостинка е Марија Прличкова со која ќе зборуваме на интересни и важни теми.

Напишете коментар