Skip to content

Саемот на книги во Лондон е откажан поради корона вирусот

Reed Exhibitions, компанија која е организатор на најголемите светски настани во областа на културата утрово објави дека Саемот на книга во Лондон нема да се оддржи оваа година, поради стравувањата од озлогласениот корона вирус.

 Оваа објава за саемот кој се оддржува секоја година и кој може да се пофали со околу 25.000 изложувачи и посетители кои редовно го посетуваат, беше прифатена со големо негодување од страна на издавачите и од покровителите.

 Саемот беше првично закажан да се одржи помеѓу 10 и 12 март во Олимпија, но големите издавачи како Penguin Random House, HarperCollins и Amazon веќе се повлекоа од настанот заради забраната за патувања и заради целокупната грижа за здравјето на своите вработени.

 Многумина  беа загрижени дека Reed Exhibitions ќе го откаже настанот уште порано, и покрај паричните казни со кои би се соочиле како компанија.

Сè уште е нејасно дали на потенцијалните покровители ќе им бидат повратени средствата. Компанијата тврди дека настанот ќе се врати во целосен сјај  во 2021 година, иако може да се соочат со реакција од издавачите и обожавателите околу ненавремената одлука која беше донесена оваа година.

Исто така беше откажан и саемот на книга во Париз кој требаше да се оддржи од 20 до 23 март заради опасноста од ширење на корона вирусот.

Да се надеваме дека нашиот Саем на книга ќе се оддржи оваа година.

Напишете коментар