Skip to content

Кога некој има паничен напад подобро да ги премолчите овие 5 нешта

Не е едноставно кога некој се соочува со паничен напад и страв кои се главни карактеристики на анксиозноста. Луѓето што имаат паничен напад тоа го доживуваат како нешто страшно, а поради зголемениот страв срцето почнува побрзо да чука и тие имаат чувство дека го губат здивот. Ако некој во вашата околина се соочува со паничен напад многу е важно да му помогнете на вистински начин. Но некои фрази треба да се избегнуваат бидејќи тие можат да ја влошат ситуацијата.

Следниве 5 изрази се избрани од експерти за анксиозност коишто советуваат дека никогаш не смеат да се употребуваат пред луѓе кои доживуваат паничен напад.

1. “Пробај да го спречиш“

Да може да се запре ужасниот паничен напад, човекот што страда од анксиозност тоа веднаш би го направил. Во текот на нападот на паника телото мисли дека е загрозено и почнува да се бори за опстанок. Во таквите моменти рационалното размислување е исклучено и негативните емоции, најчесто стравот ја преземаат контролата над целото тело и ум. Затоа е невозможно да се спречи плански паничниот напад бидејќи индивидуата што го доживува не може да сфати дека тоа е наивна ситуација што предизвикува страв.

2. “Ти си добро“

Всушност тој што доживува напад на паника не е добро бидејќи тоа е многу стресен момент. Иако вашата драга особа изгледа дека сè е во ред, кога ќе настапи тој момент таа не може да ја контролира својата реакција и се чувствува немоќно и загрозено. Важно е да покажете разбирање за нејзината состојба.

3. “Зошто не можеш да се смириш?“

Научници од Националниот Институт за ментално здравје во Америка истакнуваат дека нападите на паника траат неколку минути, а некогаш дури и подолго. Можно е анксиозните луѓе во разговор со експертите да стекнат одредена техника за регулирање на овие напади, но истата не е лесна за применување. Со своето неразбирање и терање на индивидуата забрзано да го запре нападот ќе предизвикате само поголема паника.

4. “Не се грижи“

Ако на анксиозната личност ѝ давате совети од типот – “Не размислувај за тоа“ или “Не се грижи за тоа“ можете да направите паничниот напад да стане уште полош.

Експертите истакнуваат дека ова може да има парадоксален ефект. Кога на нашиот мозок ќе му кажеме да не мисли за нешто и се трудите да не размислуваме за истото, мислите уште повеќе почнуваат да навираат.

5. “Биди похрабар/похрабра“

Кога на личноста која доживува паничен напад ќе ѝ кажете да биде посилна, таа се труди да управува со ситуацијата. Ако не успее во тоа почнува да размислува дека е немоќна и многу слаба. На овој начин ситуацијата само се влошува.

Ако некоја ваша блиска особа страда од панични напади покажете ѝ дека секогаш сте тука покрај неа, тоа е најдобро што можете да направите. Само бидете ѝ на располагање и ставете ѝ до знаење дека може да смета на вашата помош. Покажете ѝ дека не е сама и така ќе ѝ помогнете повеќе отколку што мислите.

Прочитајте и што претставува псхотерапијата и зошто не смее да се занемари важноста на менталното здравје.

Напишете коментар