Skip to content

10 цитати од легендарниот Коби Брајант за успехот, животот и предизвиците

Славната кошаркарска ѕвезда Коби Брајант беше легендарен во својата работа. Не дозволуваше да го збунат предизвиците и сè до крајот на неговата кариера се бореше со голема страст за поените како и на самиот почеток. Статистиката покажува дека тој беше еден од најдобрите кошаркари во историјата на овој спорт. Неговата мотивација и страст која го водеше на секој натпревар направи тој да остане запомнет како НБА легенда. Как и пример за успешен спортист на многу генерации. После трагичното загинување она што остана од него се само спомените, целиот вложен труд и успех што го постигна кои сведочат за неговата големина. Во продолжение прочитајте ги неговите цитати што служат како голема мотивација што Коби ги остави зад себе.

1. „Најважно е секогаш да се обидуваш и така ќе ги инспирираш луѓето околу тебе секогаш да се трудат да бидат посјајни во работите што ги прават“.

2. „Моментот кога ќе се откажеш е момент кога некој друг си го оставил да победи“.

3. „Ако секогаш мислиш дека ќе паднеш и се плашиш од неуспех, веројатно и ќе го доживееш“.

4. „Користи го својот успех, здравје и инспирација за да ги оствариш соништата и да ја живееш својата смисла“.

5. „Постои една работа која секој може да ја контролира, а тоа е дали ќе бидете запомнети по добро или по лошо“.

6. „Убаво е кога си благословен со талент кој го развиваш сè додека не го создадеш тој прекрасен момент на победа“.

7. „Кога еднаш ќе го вкусиш вкусот на неуспехот, ќе бидеш одлучен да побрзаш кон успехот“.

8. „Ако сакаш да бидеш сјаен во нешто, тоа е само прашање на твој избор. Сите можат да станат мајстори на својот занает, но само ако навистина одлучиле да работат на тоа“.

9. „Сè што е негативно – притисок, предизвици – за мене се само шанса и поттик за уште повеќе да се развивам“.

10. „Покрај стравот, секогаш завршија започнатата работа“.

Прочитајте ги и овие мисли од Мартин Лутер Кинг што ќе ве инспирираат!

Напишете коментар