Skip to content

Желба за успех

Секако дека треба да веруваш во себе. Дури и кога губиш не треба да ја загубиш довербата во твојата сила и истрајност, во она што те гради тебе како човек. Не значи дека ако имаш потешкотии, ако не ти оди сè според планот, дека ти ќе загубиш. Види, дестинацијата на која треба да стигнеш ти си ја избрал. Твојата амбиција и твојот сон ти си ги зацементирал во твоето срце и верувам дека си ветил на себеси дека ќе направиш сè што е во твоја моќ за да стигнеш до таа цел.

Не, никој не вели дека ќе биде лесно. Напротив. Можеби ќе се соочиш со вртоглави потешкотии, но ако се откажеш во тој миг, тогаш треба да се запршаш дали твојата желба е доволно голема. Ако одговорот е не и ако се откажеш, тогаш немој да се обидуваш да сонуваш повеќе, бидејќи победникот не се откажува кога е најтешко. А ТИ СИ ПОБЕДНИК!

Но, ти нема да се откажеш нели? Мораш целосно, со секој атом да се концентрираш на победата и барем за тој миг да го елиминираш неуспехот како можна опција. Бидејќи кој ќе верува во тебе, ако ти не веруваш во себе? Треба да си својот најголем фан, за да можат и другите така да те гледаат. Во тебе се крие сила за која ниту ти самиот не знаеш. Но треба да се предизвикаш себеси. Треба да се ставиш во центарот на болката и да се обидеш да ја победиш. А оној кој се обидува не може да загуби сè додека не се предаде на околностите.

Искористи било што. Помрднувај мали камчиња за подоцна да можеш и големи планини да помрднеш. Мораш да започнеш за да продолжиш. Мораш да започнеш за да дојдеш до целта, а почетокот е најтежок. Бидејќи за да постигнеш ,,прекуноќен” успех како што многу луѓе велат, ти требаат десетици години а можеби и повеќе.

Но, ти нема да се предадеш. Ти проклето нема да се предадеш и ќе стигнеш до целта. Ги имаш сите потребни адути, во тој случај зошто сè уште чекаш? Започни. Сега. Работи на твоите соништа со сè она што токму сега ти е на располаѓање, токму во овој момент.

Викторија Саздовска

Напишете коментар