Skip to content

15 реченици што ќе го вратат оптимизмот во вас

Нашето секојдневие во наредниот период ќе биде многу поинакво, но треба да се прилагодиме и од него да го извлечеме најдоброто. Можеби тоа понекогаш ќе изгледа невозможно, но главата горе и потсетете се на реченициве што ќе ви го вратат оптимизмот секогаш кога ќе мислите дека животот не е фер.

Следниве 10 мисли ќе ви помогнат да размислувате попозитивно и да не ја губите надежта. Прочитајте ги и добро запомнете ги!

1. „Што и да правиш, никогаш не се враќај на она што те скршило.“

2. „Кога ќе ти се чини дека немаш за што да бидеш благодарен – провери го пулсот.“

3. „Запомни дека ситуацијата во која си моментално не е твојата крајна дестинација. Најдоброто допрва доаѓа.“

4. „Кога животот е сладок, речи благодарам и слави. Кога тој е горк, речи благодарам и учи.“

5. „Лошите работи коишто ни се случуваат во животот понекогаш нѐ насочуваат на патот кој ќе нѐ одведе до најдобрите нешта што ќе ни се случат во животот.“

6. „Секој ден е нова прилика да го промениш својот живот.“

7. „Пронајди нешто позитивно во секој ден, дури и во оние денови когаќе мора да побараш малку подолго.“

8. „Животот не мора да биде совршен за да биде прекрасен.“

9. „Она најлошото што ти се случува во животот ќе те научи дека она најдоброто никогаш не треба да го земаш „здраво за готово““.

10. „Насмевни се и кога е најтешко. Потсети ја тагата дека нема да трае вечно.“

11. „И во најтемниот ден можеш да пронајдеш зрно светлина. Само ако се потрудиш да го побараш.“

12. „Многу работи нема да бидат фер кон никого – од нас зависи на каков начин ќе ги прифатиме.“

13. „Целта е да се остане смирен во секоја ситуација. Тоа е клучот со кој се гради трпението.“

14. Ако не успеа денес, секогаш ќе постои “утре” како нова шанса за да се обидеш, која пак ќе се нарекува “денес”.

15. „Понекогаш само треба да поразговарате со четиригодишно дете или со осумдесет и четиригодишна личност за повторно да го разберете животот.“

Прочитајте ги и овие мисли за среќата.

Напишете коментар