Skip to content

Песна за денот што заминува – Федерико Гарсија Лорка

Колку ми е тешко

да те пуштам да си одиш, дену!

Заминуваш полн со мене

а кога се враќаш, не ме познаваш.

Колку ми е тешко

да ги оставам на твоите гради

можните остварувања

невозможните минути.

Во приквечерината

Персеј тука кова окови,

Ти бегаш на брег

ранувајќи ги нозете.

Не можам да те привлечам повеќе

ни моето тело, ни мојот плач,

ни реката крај која го сонуваш

својот златен пладневен сон.

Од исток на запад

ја носам твојата округла светлост.

Твојата голема светлост што ја држи

мојата душа во непрекината напнатост.

Од исток на запад…

Колку ми е тешко да те носам

Со твоите птици

И твоите раце од ветар!

Препев: Наталија Наумовска

Напишете коментар