Skip to content

Никој освен ти – Чарлс Буковски

Прекрасни стихови од Буковски кој бил чекор пред времето, совршено се совпаѓаат со нашите сопствени бобри.

Никој освен ти

Никој не може да те спаси освен
ти.
Ќе се најдеш одново и одново
во речиси невозможни
ситуации.
Тие ќе пробаат одново и одново
Под изговори, под маски,
и сила
да те натераат да подлегнеш, откажеш,
и/или тивко да умреш
одвнатре.
Никој не може да спаси освен
ти
и ќе виде доволно лесно да не успееш
така лесно
но, немој, немој, немој.
Само набљудувај ги,
Слушај ги.
Зарем сакаш тоа да бидеш?
Безлично, бездушно, бесчувствително
суштество?
Зарем сакаш да доживееш
смрт пред смрт?
Никој не може да те спаси освен ти
ти си битие вредно за спас,
тоа е војна која не се добива лесно
но ако нешто вреди да се победи тогаш
тоа е ова.
Размисли за тоа.
Размисли за спасување себеси.
Твоето духовно себе.
Твоето храбро себе.
Твоето певливо магично себе и
Твоето преубаво себе.
Спаси го.
Не им се приклучувај на мртвите во душа.
Одржувај се себе
со хумор и склад
и на крај
ако е неопходно
вложи го и целото себе во таа борба,
Без оглед на последиците,
Без оглед на
Цената.
Само ти можеш да се спасиш себе.
Направи го тоа! Направи го!
И тогаш точно ќе знаеш
за што зборувам.

Напишете коментар