Skip to content

Желбите не згаснуваат никогаш

Се срушија толку многу светови.
Изгаснаа толку многу светли души.
Се срушија толку многу мостови.
Изгаснаа толку многу ѕвезди.
Се срушија толку многу соништа.
Изгаснаа толку многу желби.
Ќе изградиме нов свет.
Изгасените души ќе продолжат да се палат во нашите срца.
Мостовите секогаш ги има во просторот на светлината.
Ѕвездите се закотвија на небото.
Соништата се раѓаат со секоја нова желба,
Зошто желбите не згаснуваат никогаш.

Напишете коментар