Skip to content

3 факти за македонската поезија

Во денешнава статија ви претставуваме неколку интересни факти за македонската поезија. Прочитајте ги во продолжение.

ПОЕТСКИ МАРАТОН

На 24 мај 1989г., во рамките на Саемот на Македонската книга во Скопје, писателот Видое Подгорец поставил рекорд во маратонско читање поезија. Тој цели 7 часа рецитирал стихови од своите збирки поезија Развигорче, Горско Кладенче, Сребрена школка, Над лулката, Весела Азбука, Илјада цветови, Во Солуна града сомуна, Песни за Туника и други. Подгорец имал 5 минутни одмори на секој час читање, што биле пополнети со настапи на македонски поети – гости на Детска Радост и Подгорец во маратонското рецитирање. Забележано е дека авторот на култната Белото Циганче кажал 12 564 стихови.

ПРВА ДРАМА ВО СТИХОВИ

Сценската творба Срешта на Војдан Чернодрински е првата драма во стихови на современ македонски јазик. Драмата е завршена на 03 јуни 1903 и праизведена на 5 август истата година. Само четири дена подоцна делото е изведено и во форма на оперета. Пеењето било придружено со гитари и мандолини, како и со концертно цртање. Авторот го определува делото како едноактна сцена во стихови на простонароден македонски говор од борбите за политичкото ослободување од турското ропство, посветена во спомен на апостолот на слободата Гоце Делчев од неговиот соборец и идеен другар Војдан Чернодрински. Срешта е драма за Гоце Делчев само еден месец по неговото загинување.

ПРВ ОБЈАВЕН РОМАН НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Првиот објавен роман на македонски јазик е „Село зад седумте јасени“ на Славко Јаневски, отпечатен во 1952-ра година. Но, интересен податок е дека првиот напишан роман бил „Крпен живот“ на Стале Попов, но авторот не бил во можност да го издаде навремено.

Напишете коментар