Skip to content

Мудри цитати од Херман Хесе за животот, љубовта, тагата, среќата

Херман Хесе бил германски писател, поет и сликар, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1946 година. Во продолжение прочитајте ги неговите најпознати цитати за животот, љубовта, тагата, среќата. Истите ќе ви влеат малку оптимизам.

1. „Ништо не постоело, ништо нема да постои, сè e, сè има свое битисување и сегашност.“

2. „Мудроста не може да се искаже. Мудроста што мудрецот се обидува да ја искаже, секогаш звучи како лудост.“

3. „Сериозноста настанува поради преценување на времето! Но во вечноста времето не постои, вечноста е само миг, токму доволен за една шега.“

4. „Сите гревови во себе носат простување.“

5. „Не чини кога човештвото го пренапрега мозокот и со помош на разумот се обидува да ги уредува работите кои воопшто не се пристапни со разум. Тогаш се раѓаат идеали какви што се идеалите. Американците или Болшевиците, кои се – и едните и другите необично разумни, но сепак вршат насилство и пљачкосуваат над животот, бидејќи така наивно го упропастуваат. Сликата за човекот, некогаш висок идеал, почнува да се претвора во клише. Можеби ние лудаците ќе ја облагородиме.“

6. „Светот е убав кога се набљудува како дете, без желби за барање.“

7. „Среќни сме само тогаш кога од утрешниот ден не бараме ништо, а од денешниот со благодарност го примаме она што ни го носи.“

8. „Ако некого го мразиме тогаш во неговиот лик го мразиме нештото што е всадено во нас самите. Она што не е во нас самите, тоа нас нè возбудува.“

9. „Бог не ни испраќа очај за да не убие туку за во нас да пробуди нов живот.“

10. „Во душата го имаме сè она што некогаш живеело во човечките души. Сите богови и ѓаволи кои некогаш постоеле…сите тие се наоѓаат во нас, тука се како можности, како желби, како излези.“

11. „Јас го одбрав патот на егоист или верник, па обврските спрема надворешноста ги сметам за споредни во однос на оние кои ѝ ги должиме на сопствената душа.“

12. „И најнесреќниот живот има свои сончеви часови, и под песокта и камењата, свои ситни цветчиња на среќа.“

13. „Омразата кон самиот себе доведува до иста застрашувачка осаменост и чувство како и претераниот егоизам.“

14. „Ние можеме да се разбереме едни со други, но секој од нас може да се протолкува самиот себе.“

15. „Не е среќа да се биде сакан. Секој се сака себе, но да се сака друг, тоа е среќа!“

16. „Никогаш не сум живеел без вера и не би можел ниту ден без неа, но целиот свој живот можев без црква.“

17. „Ништо на светот не му е поодвратно на човек отколку да тргне по пат кој го води кон него самиот.“

18. „Патењето задава бол бидејќи му се плашиш. Тоа те прогонува бидејќи бегаш од него. Не мора да бегаш, не мора да се плашиш. Мора да сакаш. Значи, сакај ја тагата. Немој да ѝ се спротивставуваш, немој да бегаш од нејзе. Вкуси ја во нејзината длабочина нејзината благост, предај ѝ се и немој да ја примаш со омраза. Твојата омраза е она што ти нанесува бол и ништо друго. Патењето не е патење, смртта не е смрт, ако ти не ги направиш тоа…“

19. „Постои некое зло помеѓу луѓето кои ги спречува да се здружуваат и нагони за помеѓу себе да отвораат бездна. Единствено љубовта може да ги натера да го премостат тој јаз.“

20. „Самотијата е пат со којшто судбината сака човекот да го одведе кон самиот себе.“

21. „Јакиот пропаѓа поради силата, алчниот поради пари, покорниот пропаѓа служејќи, а оној кој бара насладување пропаѓа поради насладата.“

22. „Среќен е оној што умее да сака.“

23. „Колку повеќе љубиме и се даруваме, толку повеќе нашиот живот ќе добива смисла и вредност.“

24. „Секој поинтелигентен вид хумор започнува со тоа што човекот самиот себе не се сфаќа премногу сериозно.“

25. „Законот на љубовта не е заповед туку повик за среќа.“

26. Поголемиот број луѓе не сакаат да пливаат пред да го знаат тоа. Зарем тоа не духовито? Тие се родени за тло, не за вода. И секако дека не сакаат да мислат: па тие се створени за живот, не за мислење! Така, кој мисли, кој од мислењето прави главна работа, тој во тоа може многу далеку да достигне, но таквиот пак кој тлото го заменил со вода, во неа еднаш ќе се удави.“

27. „Животот на секој човек е пат кон самиот себе, обид за пат. Ниеден човек никогаш не бил целосно и докрај сам, но секој сепак тежнее тоа да постане, еден матно, друг посветло, секој онолку колку што знае.“

28. „Љубовта не постои за да нè усреќи. Јас верувам дека постои за да ни покаже колку можеме да издржиме.“

29. „Херој е оној којшто има храброст за својата судбина.“

30. „Навистина никој не е мудар ако не го познава мракот.“

31. „Кога на дрвото ќе му се потсече круната, од стеблото изникнуваат нови гранки.“

Напишете коментар