Skip to content

3 техники за ослободување од страв и негативни мисли

Духовните техники сега се поважни отколку никогаш претходно – колку сме посмирени толку повеќе можеме да ги подигнеме семејството, пријателите и заедницата. Ова сега е прилика да веруваме во себе и да ја разбереме вистинската моќ што е скриена во нас. Со моќта на позитивното размислување, со верба во себе и својата сила, полесно се пребродува секоја тешкотија, а на стравот му се погледнува во очи и не останува ништо друго освен ослободување од него.

Следниве 3 чекори можат да помогнат во голема мера во мисијата наречена „ослободување од страв“.

1. Препознавање на негативната мисла

Првиот чекор препознавање дека негативната мисла ја презела контролата над вас. Во некој момент ви се чини дека постојано размислувате за негативните ефекти од корона вирусот или други грижи што ви ги оптоваруваат мислите.  Сите се чувствуваме несигурно и помалку исплашено (некој повеќе, некој помалку), затоа бидете нежни кон себеси и сфатете дека овие мисли се потполно нормални, но ви се потребни. Бидете присутни и сконцентрирани на вашиот ум и дознајте од каде доаѓа негативната мисла. Кога ќе се исплашиме, имаме и физичка реакција како на пример стискање на вилицата или свиткување на раката во тупаница. Вдишете и релаксирајте го напнатиот дел од телото.

2. Редуцирање на негативните мисли

Вториот чекор е да си простите себеси, да си дозволите мислата да преземе контрола над вас и да ѝ простите. Всушност, да си простите себе што сте дозволиле негативните мисли да ве одведат толку далеку. Поврзано со моменталната состојба: да точно е дека владее пандемија, и тоа е нашата реалност. Но можете да одберете како ќе гледате на ситуацијата. Исто така можете да го одберете начинот како ќе го доживеете тоа. Се ослободуваме од негативните мисли простувајќи се од нив. Тоа можете едноставно да го направите така што ќе речете: „Си простувам себеси што дозволив оваа мисла да преземе контрола над мене!“. Потоа ќе биде полесно да се збогувате со нејзе, и следен пат кога ќе посака да се врати, да ја избркате. Имајте на ум дека вие треба да ги контролирате вашите мисли, а не тие вас.

3. Одберете повторно

Можеби мислите дека ќе се заразите со корона вирус и од тоа се плашите. Можеби се плашите за здравјето на вашите најмили. Можеби не можете да спиете поради лошите вести. Последниот чекор е заменување на негативните мисли со позитивни! Не е ова некој новитет што веќе не сте го знаеле, но добро е да се потсетиме дека вие го правите вашиот избор. Самите одговорно одлучувате на која страна ќе се приклоните: на негативната или на позитивната. На пример, можете да си помислите или гласно изговорите за себе нешто вакво: „моментално сум здрав/а“, „ги следам сите упатства од докторите“, „ги преземам мерките и се однесувам одговорно, нема простор за паника, сè ќе биде добро“ или „моментално имам сè што ми е потребно“. Една по една, изберете ги мислите поради кои ќе се чувствувате подобро. Изборот е ваш!

Наша препорака е пред сè да се фокусирате на позитивните ефекти од карантинот!

Колку и да изгледа тешко, и во ова може да се најдат позитивни работи кои ќе го направат карантинот поиздржлив. Во оваа статија – Наши препораки за секојдневни активности ги пишував моите предлози за активностите што би можеле да се прават додека седиме дома. Сега само ќе додадам уште неколку кои позитивно ќе влијаат на вашата ментална состојба.
Разговорите со драгите луѓе што не се покрај вас, а ужасно ви недостасуваат можете да ги продолжите онлајн, да не бидат само телефонски.

Може и да направите групни разговори со пријателите, да си направите кафе и да го пиете во заеднички друштво пред екраните. Избегнувајте ги темите за актуелната состојба, не се оптоварувајте со факти, бројки и податоци поврзани со вирусот. Нема да ви помогнат. Разговарајте со вашите миленици, раскажувајте им некои убави настани и случки, исто како да разговарате со луѓе.
Ако немате миленик можете да разговарате и сами со себе, но нека биде тоа мотивирачки разговор, зборувајте нежно со себе и внимателно.

Зборовите се како оружје, секогаш бидете внимателни како ги употребувате и насочувате кон себе и кон другите. Во кратки црти – правете нешта што ве исполнуваат и од кои ќе имате придобивки (овде не спаѓа безделничење по социјални мрежи). Бидете релаксирани и смирени, дејствуваме индивидуално за колективно добро. Останете во добро здравје!

Напишете коментар