Skip to content

Апри-ли-ли-ли – Ненад Џамбазов

Шеќерот е солен,
а солта е блага,
зајакот на волкот
се фали со снага.

Петелот лае бесно
ова шеги не се,
а слонот пред глувчето
од страв клинци тресе.

Жирафата на луле
како дедо пуши,
тигарот и лавот
јадат мед и круши.

На пијано вешто
мечката ни свири,
насмејте се деца,
дојде Апри-ли-ли-ли!

Ненад Џамбазов

Напишете коментар