Skip to content

Дали сум жива?

Се наоѓа во воздухот.

Ме удира со незнаен шамар

За да го погледнам животот во очи

И да се запрашам

Жива ли сум?

Никој не сака да ми одговори.

Во животот ретко кој

Дава одговори

И тоа вистински.

Ќе мора да го пронајдам одговорот.

Барам клуч.

Ги отворам очите на мојот сон.

Таму има само неостварена стварност.

Ја отворам вратата на моето срце.

Таму сѐ уште има љубов.

Го отворам зениците на твоите очи.

Таму сум Јас.

Сѐ уште сум жива.

Го преживеав ударот.

Го најдов одговорот.

Тој е во очите на љубените.

Напишете коментар