Skip to content

12 сајтови за симнување е-книги бесплатно

Бесплатните книги овозможуваат заштеда на пари кога истите не можете да ги потрошите на хартиени купени од книжарница. Издвоивме неколку интернет сајтови од кои можете да преземате книги во електронски облик. Повеќето се на англиски па ако читате на тој јазик овие линкови се добредојдени за вас. За сите што сакаат да читаат книги на македонски за среќа и кај нас постојат онлајн платформи и по ново и апликации за читање книги во електронска верзија, но повеќето треба да ги платите пред да можете да ги читате.

Во продолжение погледнете ги веб-сајтовите што ги издвојуваме за бесплатно симнување е-книги.

1.Free eBooks Project Gutenberg
Едноставно преземање беслплатни е-книги од интернет без регистрација. Оваа страница има колекција од преку 45 илјади е-книги достапни во ePub, Kindle, HTML и други формати.

2.Open Library
Оваа страна содржи повеќе од милион бесплатни е-книги која овозможува едноставно пребарување на книгите по наслов, тема или автор.

3. Internet Archive besplatne e-knjige
Непрофитна дигитална библиотека идеална за сите оние коишто ги бараат книгите кои повеќе не се печатат. На оваа страница можат да се пронајдат бесплатни е-книги со различни формати и на различни јазици, без оглед дали се романи, историски книги или академски статии.

4. Book Boon
Уште една интернет страница на која без регистрација можете да преземате научни трудови или професионални книги. „Book Boon“ е распореден спрема научни подрачја, едноставен за употреба и содржи преку илјада бесплатни е-книги кои можете да ги преземете за неколку десетици секунди.

5. ManyBooks.net
Овој веб-сајт овозможува бесплатно преземање на препорачани и популарни е-книги, како и најнови наслови. Исто така постои опција за пребарување на книгите по името на автор, жанр, наслов или тема. Регистрацијата е задолжителна, а само со еден клик можете да преземете повеќе од 29 илјади е-книги.

6. Free eBooks
Ако сакате препорака или оцени од други читатели ова е идеална страница за вас. Откако ќе ја одбрете бесплатната е-книга под нејзе можете да го прочитате описот и коментарите од другите корисници. Од роман до стручна литература, брзо и едноставно пребарување и преземање преку овој веб-сајт.

7. LibriVox
Ако сакате препораки „LibriVox“ е специјализиран сервис кој нуди илјади бесплатни аудиоснимки од книги. На оваа страница можете да пронајдете класици или книги кои повеќе не се печатат во звучен облик односно да ги преземете со еден клик.

8. Smithsonian’s Digital Library
Една од најдобро чуваните тајни на интернетот сигурно е дигиталната библиотека на Smithsonian. Ако се занимавате со истражувачка работа или само сакате да дознаете нешто ново, оваа интернет библиотека ви нуди бројни дигитални изданија, дијаграми, библиографија и онлајн изложби.

9. Europeana
Истражувачите и интернет пребарувачите можат да уживаат во европската култура благодарение на Europeana. Со фокус на уметноста и историјата, овој веб-сајт нуди бесплатни е-книги, податоци и аудио-снимки.

10. Free Computer Books
За сите компјутерџии место каде може да се најдат колекции од книги за компјутери. Недостаток на оваа страница е што целата содржина се хиперлинкови кои водат до други сатјови.

11. Authorama
Овој сајт содржи колекција на бесплатни книги од различни автори кои можат да се читаат онлајн или офлајн директно од пребарувач.

12. Archive.org’s eBooks and Texts
Овој сајт овозможува симнување на книгите на повеќе начини. Ако не сакате да читате онлајн постои можност за симнување во различни формати како ePub, Kindle и други.

Напишете коментар