Skip to content

Конкурс на тема „Иста пролет за сите“

Од Фондација „Такец“ е распишан уште еден конкурс со кој се повикуваат сите пишувачи.

Време е за
#СедиДомаЧувајСеБидиКреативен

Со мотото #СитеСмеИсти и #ИстаПРОЛЕТзаСИТЕ и во продолжение следново:

Немаме исти судбини нити пари.
Ама времето ни е исто и парите нема каде да се трошат.
Нити гардеробата каде да се покаже. Нема ни планирани крстарења со јахти..и долго ќе ги нема.
Со пари и без пари сега сме исти… во СТРАВОТ.
ИСТ НИ Е НЕПРИЈАТЕЛОТ..
А тој е расипано суштество, не одбира каде ќе нападни…
И додека за првпат во толку децении сите ние живееме ист, едноличен живот, од кујната до троседот и обратно, вести, телефон, спиење, фрижидер по 7-8 пати дневно и ја имаме ретката шанса сакале или не да се однесуваме исто, ВАМ ДРАГИ ПОЕТИ И ПИСАТЕЛИ ВИ ДАВАМ ЗАДАЧА: #БидетеКреативни

Што треба да се направи?

Да се напише:

Расказ до 4 страници во А5 формат или

Песни до најмногу простор од 4 страни во А5 формат

Конкурост трае од 9.4.2020 до 01.05.2020 г.

Право на учество имаат сите од земјата и странство.

Секој пишува на својот мајчин јазик.

Пишувај и испраќај на: [email protected]
За учество нема котизација, а за можни награди уште нема дефинитивна одлука.

Секој испратен труд ќе влезе во заедничка МЕЃУНАРОДНА АНТОЛОГИЈА: #ИстаПролетЗаСите

Напишете коментар