Skip to content

Кое е прашањето што треба секој да си го постави, а отвора многу врати?

Во денешно време вниманието повеќе се насочува кон она што ни недостасува и така остануваме заробени на подрачјето „немам и не можам“. „Имам и можам“ е толку полековито од „немам и не можам“, а само едно „благодарам“ може да направи таканаречено чудо во животот. Не го заборавајте ова! Важноста на благодарноста е препознаена уште во античка доба кога на нејзе се гледало како на доблест. Дека античките луѓе биле во право кога ја прогласиле благодарноста како на важна доблест е потврдено од неврологијата.

Резултатите од истражувањата потврдиле дека кога сакаме да се чувствуваме добро, најважно прашање кое треба да си го поставиме е: „На што денеска можам да бидам благодарен/на?“ Со поставување на прашањето „На што можам денес да бидам благодарен/на?“ го поттикнуваме мозокот да почне да трага по позитивните искуства. Самата потрага по позитивните одговори доведува до излачување хормон на среќа поради што ќе се чувствуваме добро без оглед на резултатот од пребарување. Дополнително, ако потрагата заврши со чувство на благодарност, во нашиот мозок се лачи уште еден хормон кој ни го подига расположението и нивото на енергија. Излачувањето на тие два хормони ќе допринесе за добросостојба на психата, а исто така и на здравјето.

Среќата и благодарноста се поврзани

Кога сме среќни, добро расположени и со доволно енергија, се јавува и чувство за самодоверба, па така полесно ќе се носиме со животните предизвици. Исто така, помал број на ситуации ќе ги доживуваме стресно, а тоа позитивно ќе се одрази на имунитетот. Ако себеси си го поставуваме ова магично прашање пред спиење, автоматски би имале помала доза на грижи кои пак се едни од главните виновници поради кои не можеме да заспиеме. Со запрашувањето на „на што сум благодарен/на?“ ќе ја добиете дозата на хормонот за среќа кој ќе го олесни заспивањето. Благодарноста се опишува како позитивно чувство кое спонтано го доживуваме кон другите луѓе кои ни помагаат да дојдеме до добри решенија во ситуациите во кои се чувствуваме немоќни за сами успешно да го решиме проблемот.

Во поново време благодарноста е во фокусот на истражувањата и во психологијата каде што се проучуваат нејзините психолошки ефекти како на нас самите, така и на односите кои ги остваруваме со другите луѓе. Меѓутоа, благодарноста не ја чувствуваме само кон другите луѓе туку и спрема животните околности, односно зависно од верувањето, и кон Бог, Универзумот или случајноста кои се одвивале во наша корист.

Предизвикајте ја благодарноста и вистински почувствувајте ја

За разлика од стравот која спаѓа во основните емоции, благодарноста е сложена емоција, а тоа значи дека е мешавина од две или повеќе основни емоции. Исто така, значајно е дека под влијание на нашето размислување кога намерно ја предизвикуваме благодарноста размислувајќи за сите прекрасни луѓе кои се дел од нашиот живот и потсетувајќи се на сите убави нешта што сме го доживеале. Тоа позитивно чувство нема само да се одрази позитивно на нас туку и на нашите односи со другите луѓе.

Кога на другиот човек ќе му укажете на тоа дека сте ја примениле неговата добра намера со едно едноставно „благодарам“ всушност и себе и него го исполнувате со хормонот на среќата и така побрзо градите меѓусебна доверба која идните средби ќе ги направи позитивни. Со искажување благодарност кон некој човек и вие почнувате уште повеќе да уживате во вашиот однос. Tака околу него создавате магичен круг кој ве штити од конфликти и недоразбирања.

Дневник на благодарност

Пред спиење запишете на што сè сте благодарни тој ден бидејќи така двојно ќе се исполните со благодарност (мислејќи и со пишан збор), а добро ќе ви дојде и во оние денови кога ви се чини дека немате за што да бидете благодарни.

Многу е важно секојдневно да се потсетуваме на сè што имаме, односно да прејдеме на подрачјето „имам и можам“ наместо „немам и не можам“.

Само потсетете се дека самиот процес на размислување околу тоа поради што се чувствуваме благодарно го излачува хормонот на среќа дури и кога ги доживувате деновите кои сакате што побрзо да ги заборавите.

Секој ден е прилика

Еднаш кога ќе ги освестите и искусите сите поволности од благодарноста нека секој нов ден биде и прилика себеси, а и другите да ги исполните со благодарност.

Гласно, јасно и едноставно кажете му на некој друг поради што сте му благодарни.

Благодарам се покажува со цело тело

Благодарноста изречете ја со целото тело и глас за зборот „благодарам“ навистина ве исполни со среќа и вас и оној кому ја искажувате.

Забележете ги луѓето што ве опкружуваат

Забележете ги другите луѓе кои ви приоѓаат со позитивна намера без оглед дали се вашите блиски кои го пофалиле вашиот изглед или некој странец кој ви се насмевнал и ви ја подржал вратата на излегување од просторијата.

Кажувањето „фала“ и „благодарам“ не одзема многу време за да се почувствува и каже. Постојат многу работи на кои секој од нас може и треба да биде благодарен. За почеток е доволно самото сознание дека сме живи и здрави и дека имаме покрив над глава и пристап до цел свет со само неколку кликови.

Прочитајте и како полесно да се соочите со животните потешкотии.

Напишете коментар